404
Многу е веројатно дека Серхио Агуеро повеќе нема да игра фудбал поради неговото болно срце. Лекарите утврдиле дека неговите проблеми се посериозни и веќе го известиле дека постои реална опасност да не може да се врати на теренот, јави Радио Каталонија.
Пред десет дена, по мечот во Барселона, на 33-годишниот Кун му беше дијагностицирана аритмија и беше објавено дека во следните три месеци тој сигурно нема да игра, а во зависност од темпото на неговото лекување ќе биде одлучено колку долго ќе трае неговото закрепнување и дали ќе може да ја продолжи кариерата како професионален фудбалер.
За да се запознаат со случајот на лице место во Барселона пристигнале лекарите на аргентинската репрезентација.