Агуеро: Ќе си ги отсечам „топките“ ако Реал Мадрид го победи Сити

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Легендата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро е убеден дека англискиот клуб е супериорен во однос на Реал Мадрид. Двата тима вечерва ќе се сретнат на „Етихад“ во првиот натпревар од плејоф рундата од Лигата на шампионите. Кун, кој на крајот од кариерата накратко настапуваше за Барселона, дефинитивно не ги сака „кралевите“.

„Реал Мадрид не може да го победи Манчестер Сити. Доколку тие сепак победат, ќе излезам гол на улиците на Манчестер, ќе направам салто и ќе си ги отсечам „топките“, рече Аргентинецот во поткастот „Som I Serem FCB“, платформа за навивачите на Барса.

Од зборовите на Агуеро не е јасно дали мисли на Реал да победи вечерва, или целосно да го елиминира Сити.

Кун има 36 години и се откажа од фудбалот поради проблем со срцето. За „граѓаните“ има импресивни 390 натпревари со 260 гола и 64 асистенции.

Слични содржини