Агуеро му подари Range Rover, тој го продава!

од Vladimir Zorba

За повеќе од една деценија мината во Манчестер Сити, Серхио Кун Агуеро се етаблираше во вистинска легенда на клубот и со тоа се прости од „Етихад“.

Тој организираше томбола и даде по нешто на секој вработен во клубот. Некои добија часовникот Таг Хоер, додека други беа многу посреќни.

Еден од нив е Али Марланд, економист на Сити, на кого Агуеро му даде Range Rover Evoque од 2016 година.

– Се тресам. Секој ден ќе се возам со Range Rover. Што друго можам да кажам!? Ова никогаш нема да го заборавам – рече Марланд, но набргу се демантираше себе си.

Се чини дека тој сепак нема да „вози Range Rover“ затоа што го стави на продажба!

Според „Сан“, Марленд и неговата сопруга веќе имаат автомобили, па решиле да го продадат скапиот џип, а дел од парите ќе бидат донирани во добротворни цели на една од болниците во регионот на Ланкашир.

Аргентинскиот напаѓач поминал само 17.000 километри со Range Rover-от, а Марленд го продава на eBay за 26.600 евра, што е, навистина, многу помалку од реалната цена.

Слични содржини