СЕРХИО АГУЕРО ќе стане играч на Барселона во недела, објави денеска добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо.
Одличниот Аргентинец во сабота за последен пат ќе биде дел од Манчестер Сити, играјќи го финалето на Лигата на шампионите против Челси во Порто. Тој треба да дојде во Барселона следниот ден, каде ќе биде подложен на лекарски преглед и ќе потпише договор.
Deal completed and pre-contract signed, Sergio Agüero will join Barcelona after the UCL final – verbal agreement already been reached one week ago. 🔵🔴🇦🇷 #FCB
More: Agüero will complete his medicals as new Barça player on Sunday as per @10josealvarez. ⏳ https://t.co/d4BGSRf64p
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 28, 2021
Агуеро формално е играч на Сити до крајот на јуни, по што ќе започне да тече неговиот договор со Барселона, кој ќе го потпише до 2023 година.
Аргентинецот пристигна во Сити од Атлетико во 2011 година и стана најдобриот играч во историјата на тој клуб. На 389 натпревари, тој постигна 260 голови со 73 асистенции, а единствениот трофеј што му недостасува на 32-годишниот фудбалер е Лигата на шампионите, која утре има шанса да ја освои.
Агуеро треба да биде решението во нападот што Барселона го бараше подолго време, а со него најверојатно ќе пристигне Мемфис Депај од Лион.