АГУЕРО ПЛУКА ПО СОИГРАЧИТЕ! Во Сити пристигнувавме час и половина пред тренингот, во Барса нема никој

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Фудбалерот на Барселона, Серхио Агуеро ја спореди својата работа во Манчестер Сити, со она што го чекало кога се преселил во Барселона.

Како што наведе, работната етика на играчите е многу поизразена во англискиот тим, отколку во тимот од стадионот „Камп Ноу“.

„Во Сити, доаѓавме час и половина пред тренинг, а тука доаѓаат триесет минути порано. Се обидов да дојдам барем еден час порано за да вежбам во теретана, но таму немаше никој. Се беше затворено“, изјави Агуеро за време на стрим на „Твич“.

Аргентинецот помина цели 10 сезони во Манчестер Сити, од 2011 до 2021 година, а потоа се пресели во Барса како слободен играч.

Моментално е повреден и се уште нема дебитирано за каталонскиот клуб.

Слични содржини