Барселона започна преговори со Серхио Агуеро, кој според информациите на упатените, треба да биде новото засилување на каталонскиот клуб.
Не е тајна дека Агуеро е голема желба на Барса, која сака да се засили со слободни играчи ова лето, а една од желбите беше напаѓачот на Сити, чиј договор истекува и кој дефинитивно нема да ја продолжи соработката со граѓаните.
Според Sky Sport, Агуеро и Барса веќе започнале преговори. Исто така, фудбалскиот инсајдер, Фабрицио Романо, наведува дека Агуеро е подготвен да ги намали своите приходи додека игра во Барселона, секако, со желба да игра со неговиот голем пријател и соиграч од националниот тим, Лионел Меси.
Сепак, тој наведува дека сè уште нема официјален договор и дека за Агуеро, Депај и другите трансфер цели ќе биде решено дури по крајот на сезоната.