205
Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро наскоро треба да ја засили Барселона.
Договорот ќе биде потпишан до 2023 година, а одличниот напаѓач треба да го облече дресот на каталонскиот гигант веднаш по финалето во Лигата на шампионите, во кое неговиот Манчестер Сити ќе игра против Челзи на 29 мај во Порто.
Агуеро по многу години реши да го напушти Сити. Оваа сезона тој имаше ограничена минутажа со Пеп Гвардиола и реши да оди и да игра со неговиот голем пријател Лионел Меси.
Аргентинецот не е единствената желба на Барселона. И Мемфис Депај би можел да пристигне на „Камп Ноу“.
Холандскиот репрезентативец им потврди на своите претставници дека сака да се пресели во Барселона.