Агуеро решил да стави крај на кариерата

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро (33) ќе мора да ја заврши кариерата поради проблеми со срцето!

Според доверливиот каталонски новинар Жерар Ромеро, Барселона следната недела ќе закаже прес-конференција на која Аргентинецот и официјално ќе ја соопшти одлуката за повлекување.

На триесет и тригодишниот фудбалер му се слоши на 30 октомври во 41. минута од дуелот со Алавес кога легна на земја и се фати за гради. Агуеро почувствувал силно чукање на срцето и веднаш беше префрлен во болница.

Првите гласини беа дека Аргентинецот ќе биде надвор од терените најмалку три месеци, но деталните прегледи и анализи утврдија дека тој не може да ја продолжи професионалната кариера.

Слични содржини