213
Серхио Агуеро се опоравува според планот од операција на левото колено и ќе започне со рехабилитацијата денес, соопшти Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) по повод загриженоста на навивачите за состојбата на напаѓачот. Тој страда од повреда, добиена на 11 март.
Агуеробеше опериран во вторникот во Барселона и нема да игра барем еден месец. Првиот натпревар на Светското првенство во Аргентина е на 16 јуни против Исланд.
„Агуеро се опоравува по план и утре (четврток) ќе започне со рехабилитација“, соопштија од АФА.