Легендата на Премиер лигата, Серхио Агуеро откри дека нема сомнеж кој тренер е предодреден да стане постојан менаџер на Реал Мадрид.
Шпекулациите околу иднината на Карло Анчелоти во шпанската престолнина продолжуваат со полна сила. Актуелниот тренер на „белиот балет“ е под зголемен притисок откако беше елиминиран од Лигата на шампионите од Арсенал и заостанува зад Барселона во Примера. Токму во тој контекст во дискусијата со силно мислење се вклучи и поранешниот напаѓач на Манчестер Сити.
„Мислам дека Чаби Алонсо во Реал Мадрид ќе се случи – само не знам кога. Но, со оглед на неговата историја во клубот и одличната работа што ја врши во Бундеслигата, изгледа како судбина“, изјави Агуеро во интервју за Stake.com.
Иако Анчелоти има договор со Мадрид до 2026 година, актуелната кампања е одбележана со контроверзни резултати. Реал Мадрид испадна од Лигата на шампионите по вкупни 5-1 против Арсенал и заостанува седум бода зад Барселона во првенството.
Алонсо, кој го претвори Баер Леверкузен во сензација во германскиот фудбал, долго време беше поврзуван со тренерската функција на „Сантијаго Бернабеу“. Очекувањата се дека тој ќе го напушти сегашниот клуб – или ова лето или следното.
По драматичната победа над Атлетик Билбао викендов, Реал Мадрид ќе ја продолжи борбата за титулата во Ла Лига со домашен натпревар против Хетафе на 23 април (среда).