АХА – македонски хомо еректус носи „наочари за сонце“

од Vladimir Zorba
215 прегледи

„Животот е полн со изненадувања“ е реплика од култниот филм „Човекот слон“ на режисерот Дејвид Линч каде се оживува идејата на општествениот анормалитет како крајност на бидувањето човек. Чисто случајно во последните денови помислувам дека единствениот нормалитет во едно општество каде фатумски коегзистираат контрадикторности во етосот и ја номининализираат човековата сушност како битие во и над материјалноста е рамнодушниот ерос. Не е тешко да се заклучи дека судбината на Мерит, главниот линчовски карактер е македонското проклетсво на прогресивниот човек.

the-elephant-man
(Џон Мерит ја носи метафората за „Човекот слон“ поради очигледните деформитети на телото. Заболен од тумори тој го губи човековиот надворешен облик, но не и внатрешниот, духовниот свет. Најголемата алузија во линчовското градење на карактерот на Мерит е загаденоста на човековиот ментален склоп, или туморот во нас создаден од општествените трулости, кој се обидуваат да го разградат и разобличат прогресивниот и интелeгентен активен субјект.)

Да се отфрли импресијата за каузалитетот на животот како последователност на некое дејство, е тешко возможно кога се гледа и чита филмскиот наратив на Линч. Психолошката драма се крши во крајно морален код за доброто и во моделирањето начини кон прифаќањето на туѓото, поинаквото, пред се Другото како диспозитет на вреднување.
Што е другуто, другоста, како настанува таа во очите на општо прифатеното и каде започнува деградацијата на животот како суштина само по себе-се прашања кои не само што се наметнуваат во филмското градење туку фрлаат светлина на класните општества и манеризмот на примитивниот и „гол“ човек.
Не е тешко да се сфати, а истовремено да се остане засрамен пред големите идеи на уметници, чија намера е да се разгради гнилежот на секојдневниот дискурс кој пропагира преживување и претопување во баналноста на живеењето. Кога хуморот во едно општество станува очигледен и наменет кон човековите мани, недостатоци и посебности, тогаш е јасно дека граѓанството изгубило смисла, а културата го губи ентитетот, дека пред се таа е свесно градиво, морален чин. Логос и етос.

history-modern-culture-mash-up-illustration-1
„Животот е полн со изненадувања“ е клучната парадигма на отуѓената, противкултурна нишка на општествениот облик – нешто што често циркулира низ „крвотокот“ на македонското одлучувачко и цивилно тело. Но за разлика од линчовската идеја, која треба да го надмине моралитетот на апсурдниот циркузијантски човеков однос кон нештата, и преку прифаќањето на околностите кои нема да ги нарекува изненадувања туку збиднувања ќе ја разреши загатката за кој е всушност се бори еманципираниот, култивираниот манеризам. Македонија се уште е заглавена со табуа. Од тука многу тешко го прифаќам фактот, дека се соочуваме со деградација, дискриминаиција по секој основ (сексуален, родов,при неконвенционални болести, разобличувања на идентитет, за жал ние и денеска сме не доволно отворени кон луѓето со Даунов синдром, а најлошо е што субверзитетот го негираме како крајно психолошко заболување). Макондомиум е новата кованица, нормално измислена и не мора да се употребува, а е дирекно упатена за хибернираниот и понизниот човек.

Вероника Камчевска

Илустатрација: Едурадо Сан Гил