АХА… Ние сме егзотика

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Што да се очекува од држава во која се негува културата  на „малиот човек“, на понизниот, послушникот со наведната глава? Како да се пишува за слобода, кога хомо дуплекс станува „културна шизофренија“ на регрутаторите на застарените модели за скршен р’бет. Да уживаш во туѓата болка е еднакво на најголемата параноја од загубената иднина. Така, откажувањето од животот како активен и интегрален дел од битието ја прави ова приказна за Македонија многу потажна од секоја заложба на власта која во тоталитарен систем имитира врвна демократија.

homo duplex

Моделите за наивниот резигнирачко компромитиран политички акт е уште еден показател дека на оваа држава и треба Киш.

Ние сме егзотика, ние сме политички скандал, ние сме во најдобар случај, убав спомен од Марна и совеста на старите poilus d’Orient  и членови на движењото на отпорот,“ остар и критички настроен напиша авангардниот писател Данило Киш.

Што е скандалот под површината? Губење на етичкиот код, моралните норми и императивот за целосно рушење на проактивизмот и радикалите на Алински кои води до ништење и нихилистички комформизам. На ваков начин не само што се обезбедува политичка илузија на солидарност, туку истовремено заведува со лажниот интегритет кој не си дозволува по никоја цена да се откаже од унишувањето на гнилиот поединец , кој нема повисока цел освен негување на авторитарноста во која ќе нема место за monstrе sacre.

Македонија се соочува со најстрашниот пробелем на егзистенцијата. Со одбегнувањето на одговорноста и префрлање на вината помага за целосното засткривање и девалвирање на суштината. Како ги затскрива неуспешните дела  „малиот зоон политикон“? – Сценира, драматизира, поткупува, се смее иронично на туѓ грб, глуми наивност и не се соочува со граѓаните. Ваков е – како инфантилен бездушник.

Реалноста ја претвара како далечна илузија. Создава нови имагинарни светови и својата должност ја претставува како врвен напор. Предизвикува сочувство кај народот, игра со емоци. Бара од народот беспомошност. Се претставува како Ахил, а го негира  царството на Хад.

Ова не е Македонија. За ваква Македонија нема место во политичкиот свет на одговорни лидери.

Каде е Македонија? – Во делата на Рацин, Конески, Старделов, Урошевиќ. Ослободета ја Македонија за новиот бран интелектуалци, академици, уметници, новинари…Оние кои бестрашно повикуваат на одговорност, за оние кои има што да кажат. Тие делат цвеќиња на државниот апарат, тие не се плашат да кажат НЕ, зошто ние – НИЕ ПЕЕМЕ ВО ПУСТИНА.

Вероника Камчевска