Малограѓанството е суверена работа. Како и државата, тоа припаѓа на граѓаните, на елитите, интелектуалците, и се шири побрзо од секоја зараза. Се котви во душите и ја убива секоја честичка која се труди да го надмине егоцентризмот. Се поставува како национализм, и ништо не го чисти од очигледната манипулација. Не остава место за другиот, поинаквиот. Полно е со стереотипи и омаловажување. Генерализира, бара утеха во емотивното распаѓање и се радува на површната среќа. За се има одговор, дури и за крајната апстракција. Смртта ја гледа како материјален завршеток и „опева“ по загубата, љубовта ја дефинира како страст за лудаци и се повикува на луцидноста. Користи крајна логика која води до апсурдизам, и се потсмева на болката. Викаат дека малограѓанството е за „прости“ луѓе, неуки, истоштени од живеењето, изгладнати од секојдневието, ама, не е така, очигледно, малограѓанството не произлегува од необразованите, туку од алчните, љубоморните, егоцентристите, блудниците или поедноставно носителите на салигијата. И, каква врска ова има со „обичниот“ човек? – Никаква! – ова има папочна врска со медиокритетите, конзумеристите, амбициозните тркачи во општеството кои по пат ја изгубиле етиката и ја раскинале врската со моралноста.

Илустрација од стрип артистката Марион Фајол
На кратко да претпоставиме неколку точки за малограѓанство:
- Празно филозофирање
- Барање каузалитет во крајните пропасти
- Будење ниски страсти
- Оправдување на мизерни постапки
- Дава преоритет на метафизички појави во време кога реалитетот е осуден на деструкција и распаѓање
- Пропагира лудило
- Изнудува емоцијонална тегоба
- Бара подршка во бедата
- Носи колективно лудило и пораз
-

Илустрација од стрип артистката Марион Фајол
И од тука, „Што да се прави, што ќе направам, што треба да се направи во ситуацијата во која сум, како да постапам? Тоа ќе го правам со користење на обична апорија, тврдење или, пак, негации што се негираат како што се искажуваат, порано или подоцна. Мора да постојат други начини. Или би било крајно безнадежно. Но крајно безнадежно е“, напиша големиот писател Семјуел Бекет во „Неименливото“.
Почитуван Г. Бекет, вие што одамна ги предвидовте и опишавте ниските страсти на апсурдниот човек, оној што се занимава со АПОРИЈА, и вие, во суштината на нештата, го поставивте најкаузалното прашање, „ може ли човек да биде ефектик ( скептик кој се труди да го суспендира мислењето), а да не биде несвесен за тоа?“
Не сомнено, велите дека, со „Да“ и „Не“ е пинаку, дека како и секој од нас, повремено ќе ни се тресне очигледното од глава, дека, тешко е, многу е тешко да влезе човек во суштината и да се избори со крајностите.
Г. Бекет, поласкани сме од разговорот со вас и за она што вие го нарекувате, апсурдност. Сега, се станува појасно. И сите обиди на нашите елити, интелктуалци кои се трудат да ги најдат причините за македонската мизерија во трагичната љубов, изгледаат толку смешни, просто за жалење.
Вероника Камчевска