Аха – вонземјани пристигнаа во Скопје

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Денеска дојдоа вонземјани во Скопје. Изнудија општествена епифанија и чудесно оставија неколку книги од Коста Рацин. Замислено се спуштија над фонтаната која е опкружена со црвени лавовски тестиси, и се надмудруваа околу отпорот. Како крајно луцидна сцена од античка философска расправа, Сократ беше победен. „Сократ е победен!“ – тоа беше нивниот заклучок, дека тука вистината се врзува за поединечното, тука спознавањето е отфрлен процес.
brain
Дознав за нив, земав црвен балон и отрчав до кај Ацета. Трчав толку брзо што се сопнав од најмалиот камен кај Жена парк. Ми заличи на крајно дистописко опкружување, нешто налик на репрезентативно отсликување на теоремата на Тери Гилијам, застанав и бев среќна. Среќна што толку силно ја „лупнав“ главата од асфалт, што сфатив дека во паркот се случува општествена шизофренија, и сето ова ми даде за право на македонски јазик да ја употребам оксвордската кованица „Пост-вистина“. Зборот на годината „Пост – вистина“ е крајната алузија на македонскиот прогрес, дека тука никој не се бави со фактите, туку да, со вистината која доаѓа како „Годо“, никогаш. Емотивна шлаканица, плачење и страдање, на тоа да те фати политичар а не со факти. Се замислив толку по ударот, што престане да ме боли главата, туку ми вриеше во желудникот од „нервниот напад создаден од илузијата“.

Британците им прават услуга на новинарите, на чуварите на граѓанскиот, хуманиот дух, па да не ги мачат секогаш со тоа колку лаги се шират во една „загадена политичка средина“ доволно е да се каже „Пост- вистина“.
Македонијо, те сакам -може ли да се биде толку дволичен и националист истовремено?
Македонијо, те сакам – може ли да се биде толку „загаден“ и истовремено среќен во оваа опкружување?

Македонијо те поздрави Рацин со книгите кои ги оставија ВОНЗЕМЈАНИТЕ на плоштадот. Оставија 4 милиони примероци од најубавата љубовна поезија на големиот поет, дека не беа свесни колку жители има оваа „рака држава“. А, јас не стигнав да им кажам дека сме малку оти се сопнав кај Жена парк, а штом тука се сопнеш не стигнуваш до „Портата“, нема да сакаш да стигнеш.
Рацин, ти не знаеш колку си потребен, сега.

Вероника Камчевска

https://www.youtube.com/watch?v=XpsJPOMfGSo