Ахладова: За 10 години 66 илјади Македонци земале бугарско државјанство

од Берта Китинска
690 прегледи

Во последните 10 години, од 1 јануари 2010 година до 22 октомври 2020 година, врз основа на поднесени апликации од граѓани на Република Северна Македонија и документите приложени кон нив, отворени се вкупно 77.829 досиеја за стекнување на бугарско државјанство. Скоро сите се засноваат на бугарско потекло, одговори на прашањето министерката за правда Десислава Ахладова за време на седницата кое и беше поставено од пратеникот на владејачката ГЕРБ Христо Гаџев, пренесува БГНЕС.

Дирекцијата за бугарско државјанство при Министерството за правда спроведува интервјуа со апликантите и формира досиеја за апликациите и предлозите, прецизира Ахладова и нагласи дека бројот варира во секоја од десетте години. Сепак, вкупно 73.324 досиеја завршија со предлог на Советот за државјанство до Потпретседателот да издаде указ за стекнување бугарско државјанство, како што е предвидено со законската постапка.

Слични содржини