Ахмети: Аферата со прислушувањето не е добра за државата

од desk3
122 прегледи

1429106528-Ahmeti Bret
Лидерот на ДУИ Али Ахмети за аферата со масовното прислушување изјави денеска дека не е добра за државата и оти домашните институции треба да покажат демократски капацитет за да се справат со ситуацијата. Ахмети по средбата со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет во Тетово порача и дека автентичноста на прислушувањата треба да се утврди од страна на судот, но треба да почне и политички дијалог меѓу политичките партии во земјата. Тој појасни и дека двата процеса треба да се олеснат со активно учество не само на Европскиот Парламент, туку и на Комисијата.

ДУИ ги поздравува првичните состаноци за надминување на кризата што се одржуваат во Брисел и смета дека eвропските власти треба да ја одредат агендата на разговорите- истакна Ахмети.

Ахмети смета дека нашата земја не смее да отстапи од евроатлантскиот пат, но ниту да дозволи заострување на меѓуетничките и соседските односи.

Запрашан за проценка за другите албански политички партии во земјата, Ахмети истакнал дека одлуката на Тематскиот конгрес на ДУИ ја обврзува да работи во согласност со Резолуцијата која утврдува дека три албански политички партии се подеднакво штетни колку и постоењето на само една политичка партија.