Ахмети: Албанците не бараа оружје, бараа образование, не бараа тенкови, бараа книги

од Берта Китинска
160 прегледи

Целосната имплементација и примена на Охридскиот мировен договор, на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија да се применат од точка до точка сите обврски да бидеме бескомпромисни во борбата против корупцијата и криминалот, кажа лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната конференција на тема „По Охрид”, по повод 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

-Ние Европа ја имаме блиску на прагот, но задачите треба да ги направиме сами. Ние сме земја членка на НАТО, ние треба да ја избришеме во нашите глави таа класична автономија или независност. Нема класична автономија или независност кога влегуваш во сојузништва и пртнерски односи со ЕУ и треба да ги примениш нормите, правилата на сите. Колку си мал стануваш голем. Ние сме сега исто како најголемите во НАТО, но ние треба да поставиме НАТО стандарди, бидејќи ние сме барале да станеме членка на НАТО. Сигурен сум дека можеме да постигнеме, нагласи Ахмети.

Нагласи дека во нашата земја тогаш се повредил Уставот кој порано и Албанците ги препознавал и признавал како коснтитутивен елемент на државата, еднакви права за сите, иако за жал, како што рече, тоа беше само на хартија и тие што беа на хартија се елиминираа.

– Албанците, не само ние, како претставници на тоа движење за отпор во тоа време, но и Албанците генерално се разочараа. Почнаа преку протести, граѓански револти да бараат високо образование во нивната матична земја. Овие барања ист осе задуштија со крв. Почнаа протестите за националните симболи и исто така се задушија во крв. Албанците не бараа оружје, бараа образование, не бараа тенкови, бараа книги за да учат. Албанците бараа етнички симболи кои порано дури во социјализмот ги имаа, а не бараа барут, истакна Ахмети.

Ахмети рече дека НАТО, ЕУ и САД ја разбраа состојбата во земјава и оценија дека е потребно да се преземат активности, да започнат преговори, за да не се повтори трагедијата од Босна и Херцеговина.

– Најголемата потешкотија која ќе беше трагична и за Албанците и за Македонците ќе беше поделбата на оваа држава. Тогаш пред 20 години и оваа опција беше на маса и јас ќе бидам благодарен на НАТО, Вашингот и Брисел дека најдовме сила, поддршка против оваа трагична опција со непредвидливи последици за нашите граѓани, заклучи Ахмети.

 

Слични содржини