Ахмети: Албанците не се дискриминирани како што манипулираат опозиционите албански партии

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на вечерашниот митинг одржан во Општина Боговиње, пред присутните изјави дека Албанците не се дискриминирани, нивната состојба според него, во сите сегменти од општествениот живот е многу подобрена за разлика од порано.

dui-ahmeti

– Значи многу е тешко да се набројуваат сите проекти и достигнувања на ДУИ. Имаме направено многу нешта што се во корист на Албанците, и на другите етникуми кои живеат во Македонија. ДУИ инвестира во образованието. Во 2002 година имавме само неколку специјализанти Албанци, сега имаме над 2.000 специјализанти Албанци, имаме Албанци кои раководат неколку клиники низ државата. Ние ќе влеземе во конкуренција со сите албански партии за добар натпревар и подигање на квалитетот на програмата, но треба сепак нашите политички противници да бидат поцивилизирани, и да не манипулираа, да не кажуваат дека Албанците се дискриминирани, како тоа дискриминирани кога во јавната администрацијата има над 25.000 вработени Албанци – рече Ахмети

Тој го повтори својот став, дека е многу значајно да се обедини албанската опозиција во Македонија.

– Ги пратам кандидатите на ДУИ, тие во своите говори апелираат за обединување на Албанците, затоа што овие избори се многу значајни за Албанците. И јас ќе апелирам на сите движења и опозициони албански партии, нека ја победат ДУИ, но нека ја победат обединета, затоа што вака само го цепкаат и делат албанскиот глас, е тоа не ќе можам да го дозволам – додаде Ахмети./Мета