Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во седиштето на партија имаше предновогодишна средба со новинарите. Тој им се заблагодарил за соработката и придонесот во изминатата година.
Во однос на спорот со Бугарија, Ахмети посочил дека ако сакаме да имаме една стабилна ситуација, одржлива и унапредена во насока на евроатланските процеси, неопходно е да се решат разликите што ги имаме со бугарската страна во врска со Договорот за добрососедство.
-Мислам дека разликите се приближени. За приближување на разликите ни помагаа нашите меѓународни партнери кои се заинтересирани да функционираат мирот, стабилноста и безбедноста во Западниот Балкан и особено во нашата земја. Се надевам дека ова прашање ќе се реши во деновите или месеците што следат, но под услов ниту од нашите, ниту од бугарските власти да не се политизира и да не се вметнуваат емоции затоа што тоа е тема која сама по себе е емотивно прашање, рече Ахмети.
Во однос на јазикот, Ахмети истакна дека конструктивноста на двете држави ќе помогне за решавање на овој спор, потенцирајќи дека е прифатливо решението што е формулирано во Договорот со Бугарија, посочувајќи дека Албанците се солидарни со своите сограѓани Македонци за решавање на овој спор и за надминување на овие разлики, од причина што „не поврзуваат заедничките интереси”.