Ахмети-Алтхаузер: Една од опциите е повторување на изборите

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Скопје се сретна со Амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер со кого разговарал околу политичката ситуација во земјата и очекувањата од создавањето на новата влада по изборите.

„Ахмети ги објасни опциите за кои во ДУИ се развива отворена и конструктивна дебата, тие вклучуваат коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ, широка владина коалиција, да останат во опозиција како и повторување на изборите“, велат од ДУИ.

Ахмети ја нагласил потребата за поддршка од Германија во евроатланската интеграција и за развивање на реформите во земјата. Лидерот на ДУИ истакнал дека албанскиот јазик, системските реформи и интеграцијата во НАТО и ЕУ ќе останат апсолутен приоритет за ДУИ./Meта