211
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва изјави дека е „горд бидејќи Албанците во Македонија не се кираџии“.
-Албанците го имаат Скендербег во центарот на старо Скопје. Албанците не се кираџии туку имаат два универзитета, еден во Тетово, еден…, одговорил Ахмети на новинарско прашање во емисијата „Клик плус“.
Тој информира дека барал од СЈО и од ОЈО да отворат предмети за него и партијата ДУИ.
-Кај мене не е пријавен ниту еден случај на корупција во кој е вмешан член или функционер на партијата. Јас побарав во Специјалното обвинителство, побарав и од Јавното обвинителство, господа, отворете истраги за ДУИ, за функционерите на ДУИ, од централно ниво до локално ниво, почнете од мене. Не сум побарал да се почне од другите, почнете од мене, вели Ахмети.