Ахмети: Бараме начин за повторно да се свика Собранието

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Консултираме домашни и странски експерти во врска со тоа како може да го вратиме Собранието во функција, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл.

13231140_10206572190719838_839990543_n

Тој рече дека го известил Хајндл дека во моментов нема услови за одржување на изборите на 5 јуни.

– Со Хајндл разговаравме за политичката криза, како и за Договорот од Пржино. ДУИ ги претстави своите ставови за решавање на политичката криза. Во однос на изборите на 5 јуни, сметаме дека не би било добро да се одржат поради имиџот на нашата земја. Бараме начини за да може повторно да се свика Собранието на Република Македонија. Го информиравме Хајндл дека ние ги преземаме сите мерки, во согласност со консултациите со правните експерти од земјата и од странство како Собранието повторно да се стави во функција. Кога ќе проработи тоа, ќе се отворат многу други прашања – изјави Ахмети.

Лидерот на ДУИ не сакаше да открие на кој начин би можело Собранието повторно да се свика и дали тоа ќе се реализира преку Уставниот суд. Тој одговори дека сè уште го барат патот како да се стори тоа.
Ахмети рече дека за оваа негова иницијатива разговарал со сите политички субјекти во државата.

Во германската амбасада во Скопје, на средба со специјалниот пратеник Јоханес Ханјдл пристигна и претседателот на ДПА, Мендух Тачи. По средбата со Тачи, Хајндл треба да се сретне и со евроамбасадорот, Аиво Орав.

Засега нема најава за средба со претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Попладнево Хајндл ја завршува дводневната посета на Македонија./извор Мета

Слични содржини