Ахмети: Безрезервна поддршка за американската администрација во Скопје

од desk2
83 прегледи

Лидерот на ДУИ денеска се сретнал со делегација на Атлантскиот совет од Вашингот на која што разговарале за ситуацијата во Македонија и за пријателството помеѓу САД и Македонија.

САД биле и ќе останат партнер на Албанците, на нашата земја и на регионот, затоа и нашата соработка со американските власти во Македонија и во САД ќе продолжат бидејќи беше плодна за сите, изјавил Али Ахмети, лидерот на ДУИ на средбата со делегација на Атлантскиот совет од Вашингтон.

– Ја изразив мојата длабока благодарност за сите наши пријатели во меѓународната заедница, а особено ја истакнав големата и безрезервна поддршка за американската администрација во Скопје и во Вашингтон нагласувајќи ја клучната улога и нашата искрена и тесна соработка кон остварување на заедничката цел, демократско општество интегрирано во вредностите на евроатланската заедница – рекол Ахмети, соопшти ДУИ.