Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети вечерва оствари средба со амбасадорот на Република Франција, г-дин Кирил Баумгартнер.
Претседателот Ахмети и амбасадорот Бомгартнер високо го оценија евроинтегративниот процес што Република Северна Македонија го започна со одржувањето на првата меѓувладина конференција по отворањето на разговорите за членство со Европската унија и која веќе продолжува со скрининг-процесот.
На средбата, двајцата соговорници разговараа и за уставните измени и потребата од завршување на овој процес како услов за продолжување на европскиот пат што го започна Република Северна Македонија, а соработката меѓу политичките партии во земјата е повеќе од соодветна бидејќи земјата е во клучен момент да се движи напред.
Меѓу другото, претседателот Ахмети истакна дека токму францускиот предлог на претседателот Макрон го стави на правен пат интегративниот процес на земјата и дека соработката меѓу двете земји треба да продолжи уште повеќе со поддршката на Франција до финализирање на процесот на интеграција во ЕУ.
Амбасадорот Бомгартнер ја изрази целосната поддршка на Франција за европската интеграција на нашата земја. Претседателот Ахмети го истакна уверувањето дека сите проевропски сили во нашата земја ќе се мобилизираат да го следат интегративниот пат и нема да дозволат деструктивни и регресивни влијанија во остварувањето на целите на граѓаните.