Ахмети: Дадов сè од себе за независност за Косово, тие парчиња земја се крвта на мојата крв

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска ги отфрли наводите дека не бил против поделба на Косово, нагласувајќи дека „дал сѐ од себе за ослободувањето на Косово“, пренесе „Алсат“.

Неговата реакција доаѓа по бројните коментари во јавност околу анализата објавена од Академијата на науките и уметностите на Косово, која го издвојува Ахмети како еден од лидерите на македонските Албанци кој мирно би ја прифатил поделбата на Косово.

„Без разлика на изјавите или анализите што се прават дека наводно сум бил за промена на границите на Косово, јас уште како млад дадов сѐ од мојот живот за таа независност и за тие граници на Косово и не се пазарам за тие парчиња од земјата кои се крвта на мојата крв и крвта на моите пријатели“, рече Ахмети.

Во анализата на косовската Академија, насловена „Дестабилизациски цели на Србија во Косово и на Западен Балкан“, освен обвинувања за наводна поддршка што Али Ахмети ја има дадено за поделбата на Косово, се наведува и дека тој работел и за „дефакторирање на Албанците во Македонија“.

Ахмети рече дека реципроцитетот меѓу Косово и Србија и взаемното признавање се иднината на Западен Балкан.

Слични содржини