Ахмети до Брнз: Потребна е поистакната американска и европска улога во спорот меѓу Скопје и Софија

од Nikola Popovski
265 прегледи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денесл се сретна со амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, соопштија од ДУИ.

Според нив, Ахмети и амбасадорка разговараале за неодамнешната извршна одлука на американскиот претседател Бајден, владеењето на правото, борбата против корупцијата, зелената агенда, евроинтеграциите и спорот со Бугарија.

-Ахмети истакна дека Демократската унија за интеграција целосно ги поддржува извршните наредби на претседателот Бајден, кои вклучуваат отворена борба против корупцијата, владеењето на правото и кредибилни демократски институции. Зелената агенда и инклузивноста и различноста се целосно во согласност со убедувањата на ДУИ. Ахмети го образложи еколошкиот приоритет на ДУИ преку спроведување на зелената агенда во целосна корелација со американските и европските приоритети. Во врска со спорот со Бугарија, Ахмети ја подвлече потребата од поистакната американска и европска улога меѓу Скопје и Софија, како и неотуѓивоста на нашата влада да го задржи реформскиот курс. Соговорниците разговараа и за 20-годишнината од Охридскиот договор како успешно заедничко достигнување, стои во партиското соопштение.

Слични содржини