Ахмети до „огнената“ група: Нема да го сменам Артан Груби

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, со партиски трибини и одговори на „огнената“ група составена од пратеници, градоначалници и високи партиски функционери а која бара смена на Артан Груби.

Од Гостивар Ахмети им порача на „огнените“ дека нема да го менува Артан Груби.

„Десет години сакаа да го тргнат Муса Џафери од вицепремиер, јас не го сменив, затоа што ја почитувам волјата на мнозинството, инсистираа Абдулаќим да биде сменет од вицепремиер, но јас не го отстранив затоа што ја испочитував волјата на мнозинството. Сега велат, тргни го Артан, ви велам нема да го сменам затоа што тоа е одлука на мнозинството“, порача лидерот на интегративците.

Претходно, пратеникот и потпретседател на ДУИ Изет Меџити кој е неформален фронтмен на огнената група, во интервју за Радио Слбодна Европа истакна дека Груби функционира како клан, а Ахмети е негов заштитник.

„Впечатокот на членството е дека Груби функционира како клан, и Ахмети е како заштитник на тој клан“, изјави Меџити, додавајќи дека Груби, но и Бујар Османи се „последните војници“ на Никола Груевски.

Слични содржини