Ахмети до Орав: ЕК да се вклучи во политичката криза со однапред одредена агенда и да го следи судскиот процес

од desk3
105 прегледи

Претседателот на ДУИ Али Ахмети остварил средба со евроамбасадорот во Скопје Аиво Орав по која истакна дека почетокот на политичкиот дијалог во Брисел треба да се зајакне и унапреди што е можно поскоро за да се надмине политичката криза. Според партиското соопштението тој порачал и дека Европската комисија треба директно да се вклучи со однапред одредена агенда за инволвираните страни, но и да го следи судскиот процес кој ќе обезбеди кредибилитет и доверливост на сите страни.

1429178444-Orav

Според Ахмети, и Вашингтон може да има конструктивна улога во охрабрувањето на страните со цел да се надмине политичката криза. Ахмети и Орав разговарале за политичката ситуација во Македонија, политичкиот дијалог, меѓуетничките односи, како и интеграцијата на земјата во ЕУ.
Според него, политичката криза влијае на очекувањата на граѓаните кои сакаат стабилна, безбедна Македонија, интегрирана во НАТО и која ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ, со добри меѓуетнички односи и добрососедство, како и оптимални услови за одржлив економски развој.

Ахмети рекол дека политичките партии треба да сторат сè што можат за да се фокусираат на остварување на очекувањата на граѓаните, но и да покажат подготвеност за да се осигураат стабилноста и демократскиот капацитет на националните институции за да се справат со политичка криза.