Ахмети до Шимоновиќ: Загрижувачки во сите овие случувања е зголемениот интерес на Москва

од desk3
79 прегледи

IMG_7107-540x405

Денес во седиштето на ДУИ во Тетово, претседателот на партијата, Али Ахмети, го пречека Помошник Генералниот Секретар на Обединетите Нации за Човекови Права, г-дин Иван Шимоновиќ, кој беше придружуван од г-ѓа Елизабет Спир, директор на Одделот на ОН за политички прашања заедно со колегите од канцеларијата на Комесарот за човекови права во Женева како и претставникот на ОН во Македонија, г-ѓа Луиза Винтон.

„Ахмети со гостите зборуваше за развојот на настаните во земјата, политчката криза, настаните во Куманово како и прашањето за името.

Претседателот Ахмети ја истакна важноста на почитувањето и духот на Рамковниот Договор како едно заедничко достигнување како што се и нашите заеднички намери за интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ, на двете најголеми заедници во земјата. Одделно не можеме да постигнеме нашите заеднички намери, но само заедно.

Г-дин Ахмети зборуваше и за напорите да се изградат добри односи со соседите и побара да се надминат предрасудите во функција на мирот и стабилноста. Г-дин Ахмети побара поголема посветеност од страна на ОН во надминување на спорот за името која ја држи далеку Македонија од НАТО и ЕУ што ги отежнува исто така меѓуетничките односи.

Европа не може да биде целосна без Балканот и Европа треба да биде вклучителна, а не исклучена.

Г-дин Шимоновиќ се согласи дека интеграцијата во ЕУ е најдобро решение за Балканот, но и можност да се обезбеди спроведувањето на реформите во согласност со Европските стандарди.

Лидерот Ахмети нагласи дека политичката криза може да се надмине само со вистински политички дијалог меѓудвете најголеми партии во земјата, додека завршувањето на овој дијалог не треба да се предрасуди.

Настаните во Куманово треба да се испитаат со меѓуинституционална соработка помеѓу Приштина и Скопје, и со помош на меѓународни истражители.

Загрижувачки во сите овие случувања е зголемениот интерес на Москва. Москва треба да ја поддржи интеграцијата на Западен Балкан во НАТО и ЕУ, бидејќи тоа е определба на граѓаните на нашите земји“, стои во соопштението на ДУИ.