Ахмети: ДУИ ќе помогне во изградбата на вредности за добро на државата

од Nikola Popovski
290 прегледи

Многу сум среќен што гледам толку многу наши сонародници кои дојдоа и реагираа на нашата посветеност на Кичево за овој празник ден на демократијата, но и дека во секоја општина, секое избирачко место слободно се гласа, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети откако гласаше во родното село Зајас.

Ахмети рече дека очекува по изборите државата да продолжи да чекори напред и верува дека ДУИ ќе помогне во изградбата на вредности за добро на државата.

-Ние сме земја на прагот на почеток на преговорите со ЕУ и овој изборен процес секако помага за вредностите што ги градиме како држава. На крајот од процесот, им посакувам на сите страни со мудрост и разум да ги прифатат резултатите и потоа да работиме напорно во исполнувањето на нашите обврски, како во однос на исполнувањето на нашите обврски кон европските процеси, така и кон животниот стандард на граѓаните. Да има повеќе придонесувачи и дијалог и компромис меѓу партиите затоа што тоа е важен процес, така што јас ќе бидам еден од соработниците што ќе апелирам ова да се постигне бидејќи ова достигнување е во корист на сите, рече Ахмети.

Слични содржини