Ахмети: ДУИ по изборите ќе соработува со партиите кои ќе ја прифатат нашата платформа

од Radmila Tasevska
475 прегледи

ДУИ нема да соработува после изборите со партиите кои се против нивните заложби како што се Преспанскиот договор или независноста на Косово. Ова беше дел од одговорите на Али Ахмети, на прес-конференцијата, околу прашањата за постизборната соработка.

– Не наметнуваме која ќе биде волјата кај нашите сограѓани. Но ние имаме наша програма политичка, наша платформа која е постулат не само во интерес на Албанците туку во интерес на сите граѓани, но нашите линии се ноторни. Цел свет ги знае. Секоја политичка партија која го оспорува Охридскиот рамковен договор, Договор за добрососедство, Преспанскиот договор, која ја оспорува независноста на Косово, со нас не може да има дијалог. Како што сме биле подготвени да се откажеме од нашиот мандат кој сме го добиле од граѓаните, за да ги претставиме во институциите на државата, за овие ставови принципиелно се повлековме колективно, како влада со услов да се усвојат уставните промени, бидејќи така мислиме дека вршиме услуга на државата. Така мислиме да ја градиме иднината на новите генерации, истакна Ахмети.

Лидерот на ДУИ рече дека имал и ќе има средби со сите политички субјекти како и дека разговараат за сите прашања, но и за различности. Тој рече дека ги охрабрува сите партии да се приклучат на нивниот Европски фронт затоа што има историски момент за државата.

– Сум разговарал со сите политички партии, како што сум разговарал и со опозицијата која е обединета. Ние 1,5 година имаме активности на Европскиот фронт. Овој фронт кога се изгради и се мобилизира, сум разговарал со најголемиот број на политички партии и продолжуваме со тие разговори и за детали кои треба да се инкорпорираат во овој фронт. Ќе видиме како ќе се движи Зијадин Села со неговата партија. Инаку, поканата е отворена ако има добра волја и Зијадин Села да му се придружи на овој фронт, ги охрабрувам сите партии. Овој момент е историски момент за нас, за државата, да овој фронт да биде поетаблиран и поорганизиран. Зијадин Села секако ќе дискутира за одлука за финална одлука. Мое мислење е дека треба да објави некој референдум во неговата партија дали ќе оди самостојно или ќе му се придружи на Европскиот фронт. Ова останува на Алијанса за Албанците да одлучи. Волјата постои за заедничкиот Европски фронт, посочи Ахмети.

Лидерот на ДУИ беше прашан дали ќе се повлече ако изгуби неговата партија на избори.

– Иако ќе размислам дали да се повлечам, ДУИ не ми го дозволува тоа, оваа комоција не ми ја дозволува. ДУИ не знае за порази. Не сум разговарал за бројки (н.з за пратеници) никогаш, бидејќи секогаш сум грешел, помалку сум кажал, а повеќе сме добиле, одговори Ахмети и на прашањето колку мандати очекува да добие во Собранието.

Ахмети ја коментираше и политичката состојба во Европа, посочувајќи дека Балканот треба да ги реши сите актуелни проблеми и да се интегрира во ЕУ и да не дозволи дестабилизација.

– Ова е сериозно прашање, 100 илјади трупи на НАТО се движат во Северно море, и во Истокот исто така. Буџетот на Германија како најголема сила во Европа расте за сто милијарди за одбрана, кога сите држави од западниот Европа даваат директива дека војната индустрија да расте максимално нема како да не бидеме загрижени во реонот на Западен Балкан бидејќи сè уште имаме вулкани пасивни и активни, имаме и други проблеми, кои бараат решение, кои немаат едноставни решенија. За релациите Косово-Србија мора да се најде решение затоа што е ризик за целиот Балкан, Босна имаме една или три држави кои не се стабилни и сигурни. Ова треба да се направи со ангажманот на сите, така што Балканот да има нула проблеми со соседи, бидејќи Русија може многу лесно да ги злоупотреби овие кризни региони за дестабилизиција на Западен Балкан, рече лидерот на ДУИ.

Според Ахмети, од неговата загриженост за состојбата во Европа се појавил и слоганот „Не за Русија, да за Европа“. 

Слични содржини