Ахмети е шеф на мафијата, Ковачевски само слуша и спроведува, кажаа од Белата палата

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Али Ахмети покажа дека е газда на мафијата на власт ДУИ-СДСМ, соопштија утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. За премиерот на земјава, Димитар Ковачевски од партијата на Мицкоски посочуваат дека е само „статист помеѓу Заев и Ахмети, обичен пиун кој само слуша и спроведува“.

„Сега е јасно зошто ДУИ се согласи пиунот Ковачевски да ја администрира владата, бидејќи се увериле дека ќе се поклонува не само на Заев, туку и на коалицискиот партнер. Мафијата на власт ДУИ-СДСМ перфектно е организирана само кога се работи за тендери, криминал и корупција. Тоа е единствената нишка која ги поврзува“, е наведено во соопштението од оваа партија. Голата желба за власт за да крадат, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, ја одржува оваа власт и за тоа наоѓаат совршен заеднички јазик.

Впрочем, така сатрапот на правдата Талат Џафери како курир на Ахмети еднострано договори распишување на дополнителни локални избори за градоначалник во општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Без да се консултираат со некого, скриено од очите на јавноста, распишаа избори. Тоа е класично мафијашки дил, во кругот на две мафијашки семејства. Ахмети маредува, пиунот Ковачевски извршува“, оценува ВМРО-ДПМНЕ.