Ахмети: Францускиот предлог не влијае на идентитетот на сограѓаните Македонци

од Nikola Popovski
170 прегледи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска објави дека заедно со негови колеги пратеници имаат голема одговорност да одлучат дали државата ќе продолжи напред.

-Јасни и многу одлучни беа изјавите на претседателката на Европската комисија, г-ѓа Урсула фон дер Лајен за поддршката што ни ја даваат сите европски држави, за содржината на предлогот на француското претседателство кој на никој начин не ги нарушува карактеристиките на јазичните, културните и историски идентитет на нашите македонски сограѓани, напиша Ахмети на Фејсбук.

Според него, досега се донесени важни одлуки кои се покажаа како од корист за сите нас, па за тоа овие денови, напиша Ахмети, да размислиме длабоко и да ја запечатиме нашата европска иднина.

-Европа напред, заклучи Ахмети.

Слични содржини