Ахмети: Ги поддржуваме сограѓаните Македонци, верувавме дека Бугарија ќе најде сила за да ги надмине овие емотивни ситуации

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Посветени сме на решавање на тешките теми кои што бараат навистина храброст и државност и едниствената алтернатива е земјата да ги реши претходните спорови кои што се пречка за понатамошно унапредување на интегративните процеси, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во изјава за Канал 5 ТВ.

– Не еднаш сме изјавиле дека ги подржуваме нашите сограѓани Македонци во овој значаен процес и сметам дека и бугарската страна ќе има предвид дека во овие значајни процеси, затоа што Бугарија навистина има инвестирано целиот регион да биде интегриран во ЕУ и веруваме и верувавме дека Бугарија ќе најде сила за да ги надмине овие емотивни ситуации, истакна тој.

Слични содржини