Ахмети ги повика органите да го истражат неговиот внук

од Nikola Popovski
447 прегледи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денес ги повика надлежните институции и органи да го истражат случајот со неговиот внук Дрин, околу купувањето на ТЦ „Соравија“, но и обвинувањата од вМРО-ДПМНЕ дека неговите фирми добиваат 80.000 евра од ФИТР.

-Ни Дрин не може да ја избегне истрагата. За да се разоткрие вистината за ова нема да има пречка и нема амнестија или засолниште од моја страна. Се што ги интересира државните органи, слободно да вршат истраги и да се открие вистината, рече Ахмети во изјава за медиумите, пред внатрепартиските избори во неговата матична партија.

Од ФИТР порачаа дека компаниите „Тор индустрис“ и „Еверест ЏД“ на внукот на Ахмети, се добитници на финансиска поддршка под инструментот „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”. Повикот за поднесување предлог-проекти за финансирање под овој инструмент, додаваат од ФИТР, е со цел да се создадат услови за надминување на последиците од економската криза и да остварат забрзан раст преку воведување иновативни, зелени и дигитални технологии.

-Тоа значи, дека секоја компанија која не ги исполнува критериумите за подобност на апликант и добил негативна оценка од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, нема да биде одобрен за финансирање од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, додаваат од ФИТР во реакцијата до ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини