„Да“ беше одговорот на Ахмети, на прашањето на водителот на Клан ТВ, дали тој ги смета аудио-снимките односно „бомбите“ на Заев за автентични, пренесе Либертас.
Ова беше само еден од одговорите на многу интересното интервју на познатиот водител Бленди Февзиу на албанската ТВ Клан, со Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција и владиниот коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски.
Интервјуто се емитуваше вчера, директно од седиштето на ДУИ.
