148
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на сите верници им го честиташе празникот Велигден.
„Почитувани православни верници,
ми претставува чест во име на сите нас при Демократската Унија за Интеграција да Ви го честитам големиот христијански празник Велигден, со најискрени честитки за здравје, благосостојба и среќа за сите вас.
Денес православните христијански верници го слават Велигден како еден од најголемите христијански празници каде ја наоѓаме надежта но и можноста за подавање рака едни на други во духот на љубовта и меѓучовечката солидарност за заедничко добро.
Посакувам вие и вашите семејства да го поминете овој празник со многу здравје, во семејна хармонија како и со доверба за подобро утре за сите нас.“, се вели во честитката на ДУИ.