160
Демократската Унија за интеграција „ДУИ“ го именуваше Бујар Османи за координатор на огранокот Чаир.
Според информациите, одлуката дошла по предлог на лидерот Али Ахмети со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“.
Претходно, како координатор на огранокот Чаир беше Изет Меџити.
– Добро е да го прашаме господинот Ахмети за овие политички разлики и тенденцијата да се замолчат различните мислења! Затоа што и ова е нестатутарно решение, кое не е поминато на партиските органи – изјави Меџити во изјава за ТВ21 по повод одлуката.