Ахмети: Излезете во недела сите на мирни протести без насилство

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, чија партија е долгогодишен коалиционен партнер во владата на Груевски синоќа  во емисијата Патот кон на Алсат М повика на мирни протести во недела.

687789

“Излезете сите во недела на протести, рече Али Ахмети во интервјуто со уредникот Мухамед Зекири.

Тој изјави дека ДУИ дава подршка на протестите организирани од коалицијата „Граѓаните за Македонија“, закажани за во недела 17 мај, и како што рече, тие треба да бидат мирни без било какво насилство.

Во поглед наразговорите на лидерската  средба, тој смета дека треба да се разговара и дека врз основа на епилогот од овие разгвори ДУИ ќе ги влече седните потези за  останувањето во колицијата се со цел исполнување на вољата на своите гласачи