Ахмети ја информирал Османи за уставните измени – процесот оценет како „неопходен“

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска оствари средба со претседателката на Република Косово, г-ѓа Вјоса Османи, која е во официјална посета на Република Северна Македонија.

Во фокусот на разговорот меѓу Ахмети и претседателката Османи биле билатералните односи меѓу двете земји, европската перспектива, постигнатиот договор со Србија и состојбите во регионот.

Честитајќи му за процесот на визната либерализација како многу важен чекор за Косово, Ахмети и Османи истакнаа дека во овие клучни моменти за европската иднина на двете земји, важно е да се зајакне соработката и да се консолидираат активностите до финализирање на целите.

Процесот на уставни измени е оценет како неопходен за европскиот пат што го започна Република Северна Македонија, за што претседателот Ахмети ја информираше претседателката Османи за последната иницијатива во која се вклучени сите политички и општествени актери во државата.

Двајцата соговорници оценија дека Република Северна Македонија и Република Косово мора заедно да го забрзаат чекорот кон Европа, како единствена алтернатива за целиот регион на Западен Балкан.

Ахмети го изрази својот став и поддршка за успешно завршување на дијалогот и меѓусебното признавање меѓу Косово и Србија, се вели во партиското соопштение.

Слични содржини