Ахмети ја сочува државата – немаше да има Македонија ако го следевме Љубчо Георгиевски, порача неговиот внук

од Nikola Popovski
462 прегледи

Ахмети е мој вујко и бог да го благослови, но тој нема никаква врска или влијание со купувањето на ТЦ „Соравија“ или воопшто мојот бизнис. Вака изјави внукот на лидерот на ДУИ и бизнисмен, Дрин Ахмети кој денеска одржа прес-конференција на која образложи детали за зделката околу преземањето на контролата врз објектот во центарот на Скопје.

Помладиот Ахмети напомена дека неговиот вујко помогнал да се сочува државата.

-Немаше да имаме Македонија денес ако го следевме Љубчо Георгиевски како ја дели државата. Али Ахмети не го потпиша тоа и вие не го цените доволно, кажа Дрин Ахмети одговарајќи на новинарско прашање.

Дрин денеска соопшти дека трговскиот центар го купил со кредитна линија од банка од Тирана, иако трговскиот центар „Соравија“ има долг од 20 милиони евра, со што го презеле и него. Тој исто така информира дека ќе добие 39% од сопственоста на објектот, додека 51 процент ќе добие неговиот партнер, бизнисменот Владимир Пјетерѓокај, сопственик на „PE-VLA-KU SH.P.K“.

Останатите 10% ќе останат на досегашниот сопственик Хано Соравија.

„Задоволен сум што најдов партнери од вашата држава. Имав можност да го сретнам Дрин. Ни ги кажа своите идеи, има силни компании во заднина. Мојот тим стекна доверба во него и во неговата компанија во следните години. Дрин е млад човек што гледа во иднината. Се надевам дека ќе ги пренесе своите идеи“, изјави Соравија.

Слични содржини