Ахмети: Jас сум мисионер, ќе ме „носите на врат“ и наредните четири години

од Берта Китинска
236 прегледи

Лидерот на ДУИ вели дека ќе се работи на менаџирање на ситуацијата во партијата откако вчера група сопартици упатија писмо до лидерот појаснувајќи му дека не се задоволни од работата на Артам Груби.

– Пратениците не верувам дека ќе ја ризикуваат иднина на генерациите. Ова е дневна политика. Не е нешто што не може да се менаџира и да се надмине. Ние не отстапуваме од нашата платформа. Секогаш имало незадоволство и дебати и сум бил отворен за предлози и мислења. Поголем дел од ДУИ не сака анархија, сака правила, мир и дебата – истакна Ахмети.

Прашан дали во 2023 година ќе има нов избор за претседател на партијата, Ахмети со одговор дека не завршил со неговата мисија.

– Јас не сум функционер, јас сум мисионер, мојата мисија сѐ уште не е завршена. Ќе ме „имате на врат“ и наредните четири години – рече Ахмети.

Истакнати членови на ДУИ, меѓу кои и двајца пратеници, заменик-министер и двајца градоначалници, преку писмо побараа од Ахмети да го врати партиското единство и да ја заврши внатрепартиската „војна“. Тие го обвинија вицепремиерот Груби дека како дел од извршната власт сам одлучувал за кадровските поставувања, дека дилетантски се однесувал со што се придонело кон револт и пасивност на гласачкото тело, што резултирало со лоши изборни резултати на последните избори во Тетово.

Слични содржини