Претседателот на ДУИ, Али Ахмети смета дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во евентуално укинување на техничката влада. Како што рече Ахмети, треба да се побара став од ЕУ и Американската амбасада во земјава.
По завршувањето на лидерската средба, Ахмети истакна и дека по однос на системот „Безбеден град“ и потребното двотретинско мнозинство за Законот за прекршоци, но, и за „Бадентер“ во Уставниот суд, е одлучено да има тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски.
-Се согласуваме со проектот, бидејќи ова прашање е отпочнато уште пред една деценија, но треба да се разгледаат поднесените амандмани во Собранието. За ова преостанува координаторите да се сретнат и да изнајдат решение, додаде Ахмети во изјава за медиумите.
-Разговаравме за една изборна единица. Ние не сме против, ама ние сакаме една изборна единица со отворени листи и минимален изборен праг од 5 отсто. Треба да се разгледаат и модалитети за гласање на дијаспотата, наведе исто така лидерот на ДУИ.