-Не е лесна работа да се има држава во која владее законот, не е лесна работа да се бориме и да имаме ветинг, не е лесна работа да се има успешна транспарентност – ова го истакна претседателот на ДУИ Али Ахмети во рамки на Изборното Собрание во Дебар каде беа избрани новите раководства и претседатели кои ќе ги раководат ограноците на ДУИ во наредните четири години.
Ахмети ги поздрави присутните делегати на Изборното собрание изразувајќи благодарност што достоинствено и со напорна работа ја зачуваа гордоста и континуитетот на постарите генерации кои се жртвувале за да ние работиме достоинсвтено и така да не бидеме кираџии во нашиот дом.
“Сите луѓе имаат вредности, затоа потрудете се да им ги афирмирате вредностите, да им додадеме, но слабостите да им ги кажеме во лице затоа што само вака во континуитет ќе го продолжиме и пријателството и организацијата, но така ги правиме посилни и нашите семејства, почитувани, Демократската Уија за Интеграција како средство на Албанците на ова подрачје со една од најбогатите истории кои што ги имало некоја структура или движње која што беше добро организирана во ова подрачје„ рече Ахмети.
Ахмети на раководството на ДУИ и на новиот претседател во Дебар им посака успех и постојано да бидат на чело на задачата, на чело на реализирање на проектите и во блиска соработка со сите раководители на институциите, без разлика на локално или централно ниво.
„Од комуникацијата и соработката не губи никој, сите добиваат, од меѓусебната транспарентност, мудроста и почита добива големото семејство наречено Демократска Унија за Интеграција. Пред нас имаме тешки задачи, иако до денес беше многу тешко, но толку тешко ќе биде и во иднина. Не е лесна работа да се има држава во која владее законот, не е лесна работа да се бориме и да имаме ветинг, не е лесна работа да се има успешна транспарентност. Толку повеќе стандарди имплементираме и спроведуваме толку ќе бидеме поблиску до Европа„ истакна Ахмети.