Ахмети: Ме вознемирува тоа што способните кадри ни бегаат од државата за подобри плати

од Nikola Popovski

Ова прашање е веќе објаснето. Тоа не се однесуваше кон телевизиите, туку кон различните реакции на граѓаните и кои што се потттикнати. Сметам дека граѓаните треба да бидат правилно ориентирани, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети запрашан дали ќе им се извини на телевизиите Алфа и Телма кои пред два дена ги нарече „непријатели на Албанците“.

Тој истакна дека најважно е важно да научиме од минатото.

-Не се однесува на медиумите. Имаме колективна одговорност како да се справиме со општествените одговорности, кажа Ахмети.

-Знам дека е болно, да ја кажеш вистината. Но имаме одговорност како политички партии и како општество, како ги ориентираме граѓаните, додаде првиот човек на ДУИ.

Ахмети рече и дека се противи на партиските вработувања.

-Треба да се има меритократија, да се почитуваат професоналните вештини и квалификации и треба да имаме во предвид дека способните кадри и со знаење ни бегаат од државата, за подобри плати во Европа и тоа ме вознемирува, истакна претседателот на ДУИ на плоштадот Скендербег.

Слични содржини