Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета преку конструктивни разговори со Бугарија, сите отворени прашања со Бугарија ќе се надминат и дека земјата ќе остане силен поддржувач на С. Македонија како дел од ЕУ.
Ахмети ова го истакнал на денешната средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, на која исто така го информирал дека функционалноста на коалицијата и Собранието е на ниво и дека таа функционира според сите принципи што ја водат земјата кон Европската унија.
Како што соопшти ДУИ, за време на оваа средба, Ахмети и Која разговараа и за предизвиците со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, за најдобрите начини за справување со оваа состојба, за економската поддршка и помошта за компаниите и граѓаните преку мерки што придонесуваат за полесно надминување на последиците предизвикани од КОВИД-19.