Амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир денеска имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. На средбата се разговарало за големото значење на почетокот на процесот на преговори на нашата земја и стабилноста на регионот, како и за важноста на следните предизвици што ја очекуваат земјата по влегувањето во активната фаза на интегративниот процес.
-Му се заблагодарив на амбасадорот Гир за континуираната поддршка во мисијата за зајакнување на нашите проевропски позиции и го известив дека ДУИ ќе продолжи да работи по принципите на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија, процеси со кои земјата изгради мир, ги етаблираше принципите на еднаквост, се интегрираше во НАТО и ги реши споровите со соседите, изјавил Ахмети на средбата, соопштија од ДУИ.
Ахмети го информирал амбасадорот Гир за напорите за уставни измени во земјата и ја истакна потребата од поддршка на проевропските сили од сите страни на политичкиот и општествениот спектар.