Предводени од претседателот Али Ахмети, заедно со колегите министри и директорот на претпријатието за државни патишта на нашата земја, престојувавме денес во официјална посета на Приштина, каде се сретнавме со премиерот Албин Курти и членовите на неговиот владин кабинет, соопшти вицепремиерот Артан Груби синоќа.
Пред заедничките предизвици на енергетската криза, здравствената состојба и за реализација на нашите инфраструктурни проекти за поефикасна интерконекција како што се патот Тетово – Призрен, Автопатот Приштина – Блаце – Скопје, Врската Брезовица – Попова Шапка и заедничкиот граничен премин мора да продолжиме да бидеме секогаш институционално координирани, вели тој.
Кон заедничката цел за интеграција во Европската Унија, ја изразивме и нашата поддршка за што поскоро успешно завршување на дијалогот меѓу Косово и Србија со епилог на меѓусебно признавање. Нашата заедничка иднина е Европа!, додаде Груби