Ахмети на средба со „Огнената група“ во Мала Речица

од Берта Китинска
205 прегледи

Колку незадоволството во ДУИ се прелева во Владата и како ќе дејствува евентуалната нова „Огнена група“, предводена од Изет Меџети во однос на стабилноста на Владата, засега е незисвесно.

И додека огнените се подготвуваат за состанокот во Мала Речица, генералниот секретар и прв вицепремиер кон кого се упатени најголем дел од критиките без елаборирање на расколот само со порака поддршката на ДУИ расте.

– Јас немам незадоволство од ДУИ. Кои се причините за незадоволството во ДУИ? На ова прашање треба да одговорат господинот Ахмети и други. Ние сме тука да работиме, да ја спроведеме програмата, да го спроведеме сето она што им го ветивме на граѓаните и гледам дека поддршката во гласачкото тело на ДУИ е голема, како што видовте според сите анкети, ДУИ е повеќе од половина од гласачкото тело кај Албанците, изјави Груби.

Слични содржини