Ахмети: Најдобро решение за состојбата со тензичните меѓуетнички и меѓусоседски односи се заеднички избори во 2025 година

од Milan1
38 прегледи

Во седиштето на Демократската унија за интеграција во Тетово, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими турскиот амбасадор Фатих Улусој. Ахмети и Улусој разговараа за многу прашања во земјата и регионот, како што се евроинтеграциите на земјата, билатералните односи меѓу двете земји, стратешкото партнерство со Република Турција, легитимитетот, ситуацијата во Северна Македонија итн.

Ахмети го информирал амбасадорот Улусој дека ДУИ воопшто не се колеба од заложбите за интегрирање на земјата во Европската унија и ќе продолжи да дејствува за реализација на оваа цел.

Исто така, истакнал дека како партија се посветени на градење на стратешко партнерство со Република Турција, која не поддржа без резерва за членство во НАТО и во Европската Унија.

Што се однесува до Владата без етнички легитимитет која ги исклучи етничките претставници, како што е наведено во соопштението, Ахмети нагласил дека веднаш мора да престане непочитувањето на Охридскиот договор и омаловажувањето на заедниците во земјава.

ДУИ оценува дека најдобро решение за состојбата со тензичните меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и европската безперспективност, се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.

Затоа, го прифативме јавниот предизвик на Мицковски и ја поздравуваме подготвеноста на другите опозициски партии да се соочат со заеднички избори следната година.

Слични содржини